Израелската армија синоќа соопшти дека загубила 200 луѓе за време на копнените операции против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
Тие операции започнаа на крајот на октомври.
-Бројот на војници кои паднаа во Газа од 27 октомври е 200, изјави неименуван израелски воен претставник, пренесе Бета.
Операцијата беше започната како одговор на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.
фото: МИА архива