Илир Демири инфектологот и актуелен директор на Тетовската болница за нов министер за здравство, а Наим Бајрами за информатичко општество и администрација е предлогот на Зијадин Села, откако според информациите на ТВ 24 најверојатно в петок мнозинството ќе го разреши актуелниот министер Фатмир Меџити и неговиот колега во информатичко општество Азир Алиу.
Од крилото на Села за ТВ 24 велат дека барањето за разрешување на министрите и предлогот за нови министри е веќе испратено до премиерот Талат Џафери. Оттаму велат дека не е логички за министри кои определиле за опзиција и контра владата да бидат во власта.
Според информации, Села ја има поддршката и на Ковачевски и на Ахемти за смените со кои покажува дека неговото крило останува во власта. Дека екс лидерот на АА смета и на заедничка предизборна коалиција со ДУИ според неофиицјалните инфорамции на ТВ 24 било констатирано и на заедничкиот ручек на Али Ахмети, Зоран Заев и Димитар Ковачевски, на кој според неофицијалните информации бил поканет и Зијадин Села, но не и Арбен Таравари.
Дека Села ја има поддршката на СДСМ, индиректнио најави и Ковачевски, кој како премиер не бил задоволен од сите кадри на Таравари. За крилото на Таравари се работи за пуч, ист како што велат оној што го направиле вчера со разрешувањето на директорите.
И додека Села се факторизира во власта и чека формално во сабота на центарлното собрание да го потврди и да ги земе печатите. Тарааври со истиот план, само утре. Го свика Централното собрание за утре во Куманово. Од крилото на Села велат дека Таравари апсолутно нема легитимитет, бидејќи според статутот само Села како претседател на ЦС може да закаже состанок. Поканата што велат ја пратил Таравари само преку смс е за средба
– Дел од членпвите на Собранието во текот на вчерашниот ден добија порака за средба во градот Куманово а потоа и за СРЕДБА со г.Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот. – велат од АА крило на Зијадин Села.
За Крилото на Таравари е одговор на пучот на Села. Епилогот од внатрепартискиот раскол е евидентен, АА ќе се подели на два дела, прашањето е само кој ќе го добие печатот.