Не секаде можат да се најдат налепниците, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари.
Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари.
Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите. Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички..
Возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата
Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија.