Во САД денеска почна предбожиќната шопинг грозница откако купувачи навалија во трговски центри во потрага по што поголеми попусти.

Црниот петок традиционално означува почетокот на сезоните на попусти и многу продавници ги отворија вратите и пред петок – на Денот на благодарноста што традиционално се одбележува во последниот четврток во ноември.

Анкетите покажуваат дека 23 отсто испитаници ќе ги искористат попустите од денот пред „црниот петок“.

Националната трговска федерација проценува дека 116 милиони луѓе планираат денеска да бидет во шопинг и во следните денови од т.н. „грозница за купување“.

По „црниот петок“ следува сабота на малите продавници и на тој ден купувачите се поттикнуваат да купуваат во локалните продавници за да поддржат нивни опстанок. Најголем дел продавници ќе бидат отворени и в недела, а шопинг манијата завршува со т.н. Кибер понеделник со кој се означени посебни понуди во интернет трговијата.

Видео компилација од ланскиот „Блек Фрајдеј“