Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска во разговор за ТВ21 целосно ги отфрла наводите дека токму таа е кандидатот од СДСМ за прв човек на државата.
„Ниту сум била, ниту ќе бидам, на сите тоа им е јасно“, ни изјави вечерва таа.
Во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека слушнал гласини дека токму Шекеринска ќе биде изборот на СДСМ за кандидат за претседател.
„Последната која што ја добив е дека на едно место, пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска ќе била сега кандидат за претседател. Имајќи предвид дека Шекеринска како претседател на СДСМ го има до сега убедливо најслабиот изборен резултат кој што го имала СДСМ, кој што според мене на следните избори ќе биде многу посакуван од СДСМ, бидејќи тие ќе одат многу подоле од тој резултат“, вели Мицкоски во вечерашното издание на Клик Плус на ТВ21.