Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја коментираше смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на начин што не го критикуваше рускиот лидер Владимир Путин.
Тој рече дека ненадејната смрт на Алексеј Навални уште повеќе го освести што се случува во Америка, поврзувајќи ја смртта на опозиционерот со случувањата во американската политика.
Не е јасно какви паралели Трамп се обидува да повлече со Навални, кој се побуни против, како што ја нарече, масовна корупција во руската елита и ја опиша Русија во која владеат „крадци и измамници“.
Откако беше објавена смртта на Навални во петокот, поранешните американски претседатели и највисоките членови на Конгресот од двете партии, исто така, го осудија Путин. Но, Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација во ноември, не се огласи се до сега.