Граѓаните се изложени на двоен трошок и неверојатен стрес поради тоа што власта издавала пасоши знаејќи дека тие набрзо нема да важат. Доколку не се донесе нов закон за патни исправи тогаш одговорен ќе биде Бујар Османи, потенцираше Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата на Канал 5 наспроти неговиот соговорник Јован Деспотовски од партијата СДСМ.
На прашање на водителката на емисијата дали кризата со пасошите се одразува на рејтингот на СДСМ, Јован Деспотовски призна дека вниманието е свртено кон СДСМ.
– Ова не треба да биде тема за добивање ситни политички поени. Во секој случај, вината за тоа не можеме да ја префрлиме на граѓаните, изјави Деспотовски.
Андоновски исто така изјави дека издавањето на пасоши коишто набрзо нема да важат е нарушување на угледот на граѓаните на Македонија и дека власта на СДСМ влезе во имплементација на работи кои не беа неопходни.
Марко Петревски