Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го „осудува“ денешниот инцидент во северниот дел на Газа во кој, како што се наведува, повеќе од сто лица загинаа или беа повредени додека бараа помош.
„На очајните цивили во Газа им е потребна итна помош, вклучително и оние на опколениот север каде што Обединетите нации не можеа да достават помош повеќе од една недела“.
Генералниот секретар, исто така, го повторува својот повик за итен хуманитарен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите заложници.
Тој, исто така, повикува на „итни чекори“ за да се овозможи хуманитарната помош да влезе во Газа, пренесе Би-Би-Си.