Најмалку 24 лица, меѓу кои и петмина полицајци, беа повредени во саботата во Париз во судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои се бунтуваат против зголемувањето на цените на горивото. Едно лице е потешко повредено.
На протестите низ цела Франција поради зголемувањето на цените на горивото во саботата учествувале околу 106.300 луѓе, рече францускиот министер Кристоф Кастанер.
„Во екот на протестите, некаде околу пладне, имаше околу 106.300 луѓе кои протестираа. Ова е многу помалку во споредба со претходната сабота, кога бројот на учесници во протестите беше речиси 244.000. Во Франција се одржаа 1.619 протести, а 130 луѓе се приведени“, соопшти Кастанер.
Gilets jaunes. Shame, to the authors of the violence, said Emmanuel Macron. https://t.co/9xRlO4qGmz pic.twitter.com/ykTvwT7A1Y
— Vlad Fabian (@vlafbi) November 24, 2018
Тој наведе дека на некои места конфликтите во текот на вчерашниот ден биле понасилни во споредба со претходната недела, пренесе агенцијата „Тасс“.
Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди насилството од демонстрантите, наведувајќи дека во републиката нема место за такво насилство.
Во саботата особено жестоки демонстрации имаше во центарот на Париз каде полицијата со солзавец и водени топови ги растеруваше најупорните демонстранти кои имаа намера да стигнат до Шанзелизе.
Gilets jaunes: tensions on the Champs-Elysees, the police use tear gas
The sling born in October on social networks against the rise of fuels, without leader or structure, continues to shake France with a large gathering in Paris and actions in the regions.https://t.co/CrVJFt7LvV pic.twitter.com/JY7feflLpB— Vlad Fabian (@vlafbi) November 24, 2018
Демонстрантите го повикаа Макрон да поднесе оставка, откако цената на дизелот скокна за 23% во последните 12 месеци. Некои демонстранти ја пееја националната химна, додека други носеа знамиња и извукаваа: “Макрон, Оставка” и “Макрон, крадец”.
Францускиот претседател застана во одбрана на одлуката за зголемување на цените на бензинот, во која се наведува дека оваа мерка е неопходнa со цел да се намали зависноста од фосилни горива на Франција и најави дека на почетокот на следната недела ќе претстави нови планови за да се олесни „енергетската транзиција“.