Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала е регистриран во Карипско Море, покрај бреговите на Колумбија и Никарагва, соопшти американскиот Геофизички институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри под површината на земјата, на 94 километри од колумбискиот остров Сан Андрес и на 264 километри од никарагванскиот град Пуерто Кабесас, каде живеат околу 33.000 луѓе.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту постои опасност од цунами.