Шест лица, меѓу кои четири деца, се убиени вчера вечер по локално време во куќа во предградието на канадската престолнина Отава, соопшти денеска полицијата.
Полицијата соопшти дека на местото на убиството е уапсено едно лице и дека нема натамошен ризик по јавната безбедност.
Службите за итни случаи пронашле шест тела во куќата, а идентитетот на жртвите се уште не е потврден, соопшти полицијата, пренесе канадскиот јавен сервис CBC.