Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, порача дека Украина треба да собере храброст, да подигне „бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија.
Во интервју за швајцарскиот јавен сервис RSI, снимено во февруари, кое целосно ќе се емитува на 20 март, Папата рече дека страната која губи во конфликтот мора да најде храброст да го признае тоа и да се согласи на преговори.
„Верувам дека e посилен тој што ја гледа ситуацијата, мисли за народот и ja има храбростa на белото знаме и преговара“, рече папата, додавајќи дека преговорите треба да се водат со посредство на меѓународните сили и дека за нив Треба да се има храброст кога „работите ќе тргнат наопаку“, пренесува Ројтерс.
„Срамота е, но со колку мртви ќе заврши ова? Треба навреме да преговараме и да бараме земја која ќе делува како посредник“, рече папата Франциск во интервјуто пред турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да понуди да биде домаќин на самитот меѓу Украина и Русија за да се стави крај на војната.
Ердоган ја претстави новата понуда по средбата во Истанбул со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека иако сака мир, нема да ја предаде територијата на својата земја.
Портпаролот на Зеленски не одговори веднаш на барањето да ја коментира изјавата на поглаварот на Римокатоличката црква.