Љупчо Коцарев поранешниот претседател на МАНУ е најверојатниот фаворитот со кој Христијан Мицкоски ќе трча во петта изборна единица, иако според висок партсики функционер за таа позиција високо котира и генералниот скретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, објави ТВ 24.
Според истиот функционер Сајковски ја има поддршката на базата, затоа доколку Коцарев биде и форамлно носител, генералниот секретар ќе биде втор со тоа и ќе ја бие биткаката на терен .Петката освен ВМРО-ДПМНЕ е најсложена и во албанскиот кампус, носители дефинирнио нема ниту во ДУИ кои ја чуваат за Зијадин Села, доколку тој и официјално се приклучи на блокот на Ахмети. Носител, нема ниту албанската опозиција, Села доколку истрча сам пак планира да оди со катуелниот заменик во одбрана Тирон Јахјага. Ситуацијата е чиста во СДСМ, како што објави веќе ТВ 24, собранискиот спикер Јован Митрески е изборот на Бихаќка.
Во крилото на Села иако одлука конечна дали ќе одат сами или во фронтот на ДУИ нема, но тие имаат свои фаворити за сите единици, актуелниот миниситер за информатичко општество Наим Бајрами, во двојка потпретседателот и пратеник Елми Незири, во тројка министерот за правда Кренар Лога, а во шестката каде што традиционално е лидерскиот дуел во алабнскиот блок, Зијадин Села, кој доколку оди сам, би се тркал со Али Ахмети, Биклал Касами, Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ.