Франција се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, таа веќе учествува во конфликтот, оцени денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека во таа ситуација Париз станува непријател на Москва.

Ги читаме изјавите на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Фактот дека Русија е непријател на Франција, како што рече Макрон, е навистина очигледен за Франција, бидејќи Париз веќе интервенираше во војната во Украина, тврди Песков.

Тој додаде дека Франција „всушност веќе индиректно учествува во војната и судејќи според зборовите на Макрон, таа не прави ништо за да го намали своето учество“.