Четири лица се уапсени за регрутирање и принудување на проституција на малолетни девојчиња во хотели во Атина во акција на грчката полиција, а „мозокот“ на криминалната група била 25-годишна девојка, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсени се две девојки на 21 и 25-годишна возраст, еден 25-годишен и, 54-годишен маж, сите грчки државјани, кои се товарат за трговија со луѓе.
Како што соопштија од грчката полиција од летото 2023 година, 25-годишната регрутирала седум малолетни девојчиња со наполнети 14 години, откако претходно со нив развила пријателски однос, олеснувајќи го одржувањето средби со клиентите, со цел нивно сексуално искористување во хотели во центарот на Атина.
Паралелно добивала дел од парите од состаноците, а доста често ги придружувала девојчињата до местата за состаноци, а во некои случаи, наместо пари, жртвите ги плаќала со дрога.
Другите двајца уапсени, 25-годишник и 54-годишник со нивните возила ги пренесувале девојчињата до хотелите користејќи, додека 21-годишната девојка принудувала на проституција една од малолетните девојчиња за што добила дел од парите.
Сите уапсени биле изведен пред јавен обвинител.