Непријателите на Русија не разбираат со кого си имаат работа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.
-Русија е таква заедница на луѓе обединети со заеднички цели, без разлика на етничката припадност или религијата. Имаме заедничка култура, нешто што не обединува сите, рече Путин за време на разговорите со лидерите на фракциите во Државната дума.
– Неодамна реков дека непријателот одлучи да го заплаши рускиот народ, мултинационалната заедница на Русија. Тоа никогаш не се случило, ниту ќе се случи. Обидите на непријателот да ги заплаши Русите имаат спротивен ефект, рече Путин.