Пилотите на австралиската авиокомпанија Квантас ервејс слетаа безбедно во Перт и покрај дефектот на еден од двата мотори.
Пилотите на авионот Ербас А330-200, на релација Мелбурн-Перт, побарале дозвола за приоритетно слетување во понеделникот вечерта, што успешно го извршиле со помош на преостанатиот мотор.
Инженерите на Квантас ги истражуваат причините за дефектот, а авиокомпанијата им се заблагодари на патниците за соработката и разбирањето.
Дефектите на моторот се ретки, но авионите со два мотори се дизајнирани да летаат само со еден, за што се обучени пилотите.
Фото: МИА архива