Со Преспанскиот договор се искина националното ткиво на македонскиот народ. Тоа е колективна траума со која се избришаа илјадниците Македонци кои со животот ја платиле цената за национално обединување, порача историчарот проф. д-р Тодор Чепреганов по повод одбележувањето на 75 години од Граѓанската војна во Грција.
– За жал со Преспанскиот договор сега таму немаме Македонци, туку имаме народ што зборува јазик различен од грчкиот. Се поставува и прашањето: кои се тие Македонци што учествувале во Граѓанската војна во Грција, а кога не ги именуваме како Македонци?- рече Чепреганов.
Со постојаното отстапување од националните интереси, додаде Чепреганов, ќе дојде момент кога не ќе можеме веќе да кажеме дека во Граѓанската војна во Грција учествувале Македонци.
На научниот симпозиум беше речено дека иако Граѓанската војна била идеолошка, учеството на македонскиот народ било од национални побуди.
Целиот прилог и видеото на ТВ Алфа може да го отворите ТУКА.
(Подготви: Д.Г.)