Непознатото летало утринава било забележано над Ваљево во Србија, на надморска височина од 5.500 метри,објави Нова.рс.
„По наредба на претседателот на Република Србија и врховниот командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, подигнат е дежурен пар борбени авиони МиГ-29, а дежурните ракетни единици за ПВД (противвоздушни дејства) и радарските средства продолжија да го следат воздушниот простор.
За време на наведувањето на дежурниот пар авиони до зоната на пресретнување, целта се изгуби од радарот. Ловците го продолжија летот и ја пребаруваа зоната, според процедурата, со цел да ја потврдат состојбата. По пребарувањето на зоната, на дежурниот пар борбени авиони им беше наредено да се вратат на матичниот аеродром, додека другите сили продолжија со редовно следење и набљудување на воздушниот простор“, соопшти Министерството за одбрана на Србија.