Јована КЕПЕСКА

Крајно се нервирам кога во последно време за македонскиот народ се употребува „мнозински народ“, доведувајќи го преку бројки во сооднос со другите народи во Македонија. Затоа што народот, значи македонскиот народ е квалитативно нешто па не може со бројка да се определува и со броење да се определуваат неговите национални права. Ваков пристап го руши идентитетот и на народот но и на другите идентитетски обележја какви што се квалитативот на државата Македонија, на културата во тоа општество, на историјата, воопшто на односите со другите народи во земјата кои се , исто така квалитативни. Да ги напуштиме бројките и да говориме за својствата. Бројките говорат за осиромашување на решенијата, вели Кепеска во на својот ФБ профил.

Прашање околу кое навистина треба да се размисли, посебно меѓу новинарите чие ниво е квалитативно и драстично опадното, што има свое влијание и кај пошироката популација која квалификативот „мнозински народ“ го употребува на социјалните мрежи.