Група хирурзи од Клинички центар се обратија со писмо до редакција на порталот Република во кое се осврнуваат на (не)доаѓањето на работа на Венко Филипче, односно неговото непојавување во матичната установа – Клиниката за неврохирургија.
Деновиве гледаме дека Филипче милува да се претстави како хуманист, човек што помага и тн.., и разбираме дека тоа е дел од неговиот маркетинг за политички цели. Сепак, кога веќе е целосно посветен на политиката, а се помалку е посветен на струката, го прашуваме Филипче дали воопшто доаѓа на работа на Клиниката за неврохирургија, со оглед дека по завршување на неговиот мандат како министер, неговите колеги од Клиника многу ретко можат да го видат на своето работно место каде логично би требало да ја изрази својата хуманост?
Како е решен правно статусот на Филипче и кој го толерира неговото недоаѓање на работа?
Колку интервенции има сработено во последниве две години и каква е реализацијата во Мој термин?
Ова се дел од прашањата на хирурзите кои се обратија до нас за кои е неразбирливо како некој што толку упорно сака да се претстави како хуманист, може да не доаѓа на работа со помали прекини околу две години, во исто време додека постојано НЕЕТИЧКИ, користи граѓани за да се себерекламира и на кои се поретко како доктор им помага на Клиника заради континуираното отсуство од работа, наспроти стандардите и етиката кои ги налага докторската етика.
-Хуманоста и посветеноста кон пациентите се изразува во сала и во амбуланта, тука на Клиника, а не на митинзи и со сликање на граѓани за себерекламирање, му порачуваат хирурзите на Филипче.
Извор: Република.мк