На одбранбениот играч на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, Џерар Пике, не му е првпат да биде казнет за брзо возење. Но, последната казна му е посолена од претходните.
Пике со последната казна што ја заработи деновиве го премина максималниот број казнени поени на возачката дозвола, па во следните 15 дена тој мора да плати казна од 48.000 евра.