Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вели дека би сакала да се види како народен претседател, претседател на сите граѓани.
Рече дека некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период.
„По настаните во 2001 година, преку уставни реформи се модифицираше политичкиот систем. Со тој упад, ние практично го трансформиравме оној првично замислен либерален, демократски Устав, „Ние народот”, „Ние нацијата”, во „Ние, етничките заедници”. И од тука натаму, всушност почнува една сериозна деформација на политичкиот систем. Нас ни треба сосема нов Устав. Прашањето е само дали има политичка волја?“, вели таа.
Додава дека сака добри релации со сите, вклучително и со Брисел. Вели дека сме мала држава, која мора да соработува со сите, за она што е во нејзин интерес.