Хајд-Смит, која и досега беше сенаторка од Мисисипи, освои 55,2 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат, демократот Мајк Еспи – 44,8 проценти.
Со вчерашниот втор круг во Мисисипи, официјално завршија изборите за една третина од членовите на Сенатот на САД, кои се одржаа на 6 ноември.
Сега републиканците имаат 53 места во Сенатот, а демократите 47. Пред овии избори, во Сенатот имаше 51 републиканец и 49 демократи.
Параелно се делумните избори за Сенатот, на 6 ноември се одржаа и избори за целиот состав на Претставничкиот дом , на кои демократите освоија 235 места, а републиканците 200, со што по осум години Демократската партија обезбеди мнозинство во Долниот дом на Конгресот на САД.