Припадници на специјалните сили на Иранската револуционерна гарда заплениле товарен брод во близина на Ормутскиот теснец откако слетале на него од хеликоптер, потврдија денеска иранските државни медиуми.
Агенцијата ИРНА наведе дека бродот MSC Aries е „поврзан со Израел“ и дека специјалните сили го водат кон иранските територијални води.
Хеликоптер на иранската морнарица слетал на бродот под португалско знаме и иранските специјални сили го зазедоа, додаде ИРНА.
Претходно агенцијата АП објави видео на кое се гледа како специјалните сили го напаѓаат бродот од хеликоптер.
Инцидентот се случил во време на зголемени тензии меѓу Иран и Западот, особено по наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија.