Иранскиот ајатолах Хамнеи на својот официјален профил на Х објави обраќање во врска со иранскиот напад врз Израел.
-Злонамерниот (израелски) режим, кој сам по себе е злобен и погрешен, додаде уште една грешка на сите грешки што ги прави, кога изврши напад врз иранскиот конзулат во Сирија. Канцелариите на конзулатите и амбасадите во секоја земја во која постојат се сметаат за територија на територија на земјата на која ѝ припаѓа амбасадата. Нападот на нашиот конзулат е напад на наше тло. Таквиот став е заеднички за целиот свет. Злонамерниот ционистички режим направи погрешен потег во овој случај. Тој треба да биде казнет и ќе биде казнет“, рече ајатолахот Хамнеи.