Денеска сме во селото Канатларци мислам на Стево Пендаровски да му дадеме на мапа да погоди каде е Канатларци нема да погоди, а се работи за едно огромно село кое се занимава со земјоделие, каде што живеат преку 3000 жители и гравитираат кон истото, изјаво Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, тоа покажува колкава негрижа има за сопствената држава и колку е веројатно човек кој што најмалку ја познава државата е претседател.

Затоа за разлика од него, ВМРО-ДПМНЕ реализира и сум горд што денеска го отворивме водоводот во село Канатларци кој што се изгради благодарение на градоначалникот Борче Јовчевски, благодарение на советот предводен од Дејан Продановски, на советниците, на директорот на ЈП Водовод и на сите оние кои работеа на овој голем капитален проект.

Се работи за инвестиција од 350.000 евра кој што го решава проблемот со водоснабдување на целото село.

Во следниот период село Канатларци кое што Стево Пендаровски не знае каде се наоѓа на мапата, ќе работиме на проширување на патиштата, на изработка на канализациони системи, како и изградба на спортска сала, а сето ова ќе дојде од општинскиот буџет и средствата која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спушти кон општина Прилеп, истакна Николоски.