Поранешниот конзервативен министер Свејн Лудвигсен (72) од Норвешка, е обвинет за силување мигранти, соопшти норвешкото Министерство за правда.
Тоа траело со години, а државниот обвинител го испитува поранешниот министер за сексуална злоупотреба на три лица, појасни државниот адвокат Тор Борге Нордмо.
Лудвигсен е обвинет за злоупотреба на функцијата полициски управник на регион, како и дека ја искористил тешкатѕа положба на три лица кои барале азил, многу помлади од него, од кои едниот со лесна ментална болест и сексуално ги искористил.
Тоа се случувало во неговата куќа и во хотели во периодот помеѓу 2011 и 2017 година, се наведува во обвинението.
Пред да стане полициски управник, поранешниот конзервативен функционер беше на највисоките државни функции, меѓу кои и министер за риболов меѓу 2001 и 2005 година.
Лудвигсен ги отфрли сите обвинувања.