Ова позитивна енергија која ја има сега треба да продолжиме и да создаваме нова иднина. Сакам да се приклучите сите во оваа убава приказна, да се сплотиме. Затоа имаме една прекрасна програма „Платформа 1198“, платформа за сите да биде среќни и да имате подобар живот, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници од втората изборна единица, Владо Мисајловски од централниот митинг во Гази Баба.
Идејата ни е, вели Мисајловски, економијата да има раст, затоа ние ќе одиме кон тоа економскиот раст да биде до 5 %, да има инвестиции и од домашни, но и странски.
„Планираме 50 илјади нови работни места, планираме и 500 нови вработувања за решавање на проблемот со работниот однос на здравствените работници, и ветување од 5.000 денари за сите пензионери уште во првата година“, рече Мисајловски.
Посочи, ќе создадеме услови за секое дете да има место во градинка, а не да има листи на чекање и за секое дете ќе има учебник, додека за мајките кои се вработени ќе има финансиска поддршка.
„За општините планираме за четири години, една милијарда евра или 250 милиони евра за секоја година на сите општини за да можат тие да се развиваат и да им овозможуваат достоинствени услови за живот во општините на своите граѓани“, истакна Мисајловски.
Мисајловски порача дека за тоа да се случи треба сите во што поголем да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за Христијан Мицкоски да биде иден премиер кој што ќе ја развива Македонија и кој ќе се погрижи да имаме жестока борба со криминалот и корупцијата.