Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 71,19 проценти од гласовите, односно 2 490 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 247 366 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 121 228 гласови (19,19%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 92 135 гласови (14,58 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 66 262 гласови (10,49 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 53 223 гласови (8,42 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 28 445 гласови (4,50 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 467 гласови (0,87 %).