Каква симфонија беше тоа! Тоа е мојот народ! Кога велам, ГОРДА и ТВОЈА, не мислам само на Македонците, туку и на сите други!, потенцира Силјановска-Давкова.
-Доаѓајќи во Куманово, ги видов старите постери на СДСМ каде што пишуваше: „Повеќе за сите“, но имаше повеќе само за нив. Затоа граѓаните во првиот круг им рекоја: „Ви дадовме шанса, ама само еднаш грешиме“. Сега читам нешто неверојатно, нема да ја пропуштеле иднината, шансата за иднината. Може да изгубите, да пропуштите нешто што постои. Ама да мислите дека идината е фикција, не! Не заборавајте, оние кои го имаат минатото ја имаат и сегашноста! Оние кои ја имаат сегашноста може да веруваат во иднината! Ама овие луѓе не живеат во сегашноста, па не верувам дека се социјални фантасти, такво нешто не постои. Време е да си заминат!, изјави кандидатката за Претседателка на Македонија професор д-р Гордана Силјановска-Давкова.
-Резултатот во првиот круг, со спортски речник, беше 2:1. Замислете уште имаат идеализам дека на волшебен начин во паузата меѓу двете утакмици нешто ќе се случи. Тогаш логично е, бидејќи опозицијата треба да размислува политички, на 8 мај резултатот да биде барем 3:1. Зошто 3:1? Заради вас, реките од народ, истакна таа.
-Денеска ние, испирирани од една погрешна симулација, не симулиравме туку презентиравме што значи Македонија во мало, што значи македонски народ како единство на различностите. Имено, јас т.н. „националистка“ замолив за прв пат да се отпечати мојата програма на албански, турски, влашки, српски, ромски и бошњачки јазик. Сите на своите јазици го претставуваат тоа. Каква симфонија беше тоа! Тоа е мојот народ! Кога велам, ГОРДА и ТВОЈА, не мислам само на Македонците, туку и на сите други!, потенцира Силјановска-Давкова.