Унгарскиот премиер Виктор Орбан се вклучи во рекламата за обука на антитерористичките сили во земјата. И кој би бил најдобриот избор за поддршка на шоуто? Ќе се согласите дека нема попогодна личност од американскиот акционнен-херој, Чак Норис.

Актерот пристигна со неговата сопруга во унгарскиот главен град Будимпешта. Двајцата беа поканети од баптистичка организација, во која Норис редовно учествува.

Рекламата почнува со срдечен поздрав меѓу семејството Норис и унгарскиот премиер.

„Јас сум толку многу сум читал за вас. Имам чувство како веќе да се познаваме”, вели Норис.


Орбан му кажува на Норис дека „либералите го мразат“, а актерот забележува „исто како Трамп“. Премиерот вели: „Малку повеќе од тоа”.

Потоа Орбан ги вози Чак Норис и неговата сопруга и во автомобилот му раскажува на актерот дека е уличен борец, дека не доаѓа од елитата и дека потекнува од село оддалечено од Будимпешта 40 километри.

Во рекламата, 55-годишниот Орбан зборува со 78-годишниот актер за деца – излегува дека најстариот син на Норис има 56 години, а гостинот е стар колку и таткото на премиерот.

Следува демонстрација на обуката на антитерористичката единица пред американскиот актер,  кој им вели дека сите  учесниците во неа му се „пријатели”.

“Знаете, сум видел обуки низ светот, ама ова е најдобрата демонстрација”, заклучува Норис. На разделбата актерот го прегрнува Орбан му вели: „Ви благодарам многу.”


Чак Норис застана зад Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година