Сириските сили за ПВО собориле синоќа израелски авион и четири ракети, нагласи извор од сириските сили за безбедност.

Изворот нагласил дека ракетите биле насочени кон градот Кисуа, јужно од главниот град Дамаск, и биле соборени пред да погодат цели.

Во таа зона во јужна Сирија крај границата со Израел, либанската Хезболах поддржани од Иран, има комуникациски и логистички центар.

Израелската армија ја негира таа информација.