Францускиот Парламент изгласа денеска забрана за физичко насилство врз деца, со што стана дел од мнозинството држави од Европската унија со такви одредби.
Забраната беше потврдена во речиси празната сала на Народното собрание , со 51 глас „за“ еден „против“ и тројца „воздржани“.
Со тоа се поништуваат родителските права да ги дисциплинираат своите деца со телесно казнување што е воведено во време на Наполеон.
Со законот, авторитет на родителите мора да се воспостави без насилства, и родителите не смеат да употребат „физичко, вербално и психичко насилство телесно казнување и понижување“.