Убиен 17-годишен тинејџер, а седум лица се повредени во пукотница што се случила во Лансинг во американската сојузна држава Мичиген, соопшти полицијата.
Полицијата Ленсинг реагирала на инцидентот што се случил во центарот на градот околу 2 часот и 50 минути по полноќ, се наведува во соопштението, пренесе „УСА Тудеј“.
Кога полицајците пристигнале, пронашле голем број луѓе и повеќе жртви од огнено оружје, соопшти полицијата. Противпожарната служба Ленсинг реагираше и пренесе неколку повредени во локалната болница.
Полицијата соопшти дека седум лица на возраст меѓу 15 и 20 години се здобиле со прострелни рани, а 17-годишен тинејџер починал во локалната болница.
Најмалку едно лице е во критична состојба, се вели во соопштението.
Истрагата за инцидентот е во тек, соопшти полицијата.