Првото место или победник на 37. издание на фолк фест „Валандово“ е Ангела Влинтовска со песната „Темјана“. Второто место припадна на „Љубовта е оган“ на дуетот Софија Пуровска и Никола Зацески, додека третото место го освои песната „Го чекам аберот“, а ја отпеа Габриела Новевска.
Стручните награди на фестивалот, пак, беа доделени речиси на истите изведувачи. Наградата за најдобар дебитант ја доби победничката Ангела Влинтовска за „Темјана“, наградата за најдобар текст му припадна на Ѓорги Барбаровски за песната „Љубовта е оган“, за второнаградениот дует Софија Пуровска и Никола Зацески. Наградата за најдобар аранжман замина во рацете на Дарко Илиевски за песната „Спомени“, која ја испеја Сашо Башески. Награда за најдобра интерперетација доби третонаградената Габриела Новевска за песната „Го чекам аберот“.