Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Унијата останува верна на својата посветеност за поддршка на палестинскиот народ, наведувајќи дека Европската комисија (ЕК) испратила нова помош во вкупна вредност од 41 милион евра.
Борел на Х напиша дека 25 милиони евра од таа сума се наменети за палестинската управа, а 16 милиони евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНВА).
Исплатата од 25 милиони евра е втората транша исплатена на палестинската управа како дел од пакетот помош во вкупна вредност од 118,4 милиони евра, кој беше усвоен во декември 2023 година, се наведува на веб-страницата на ЕК. Првата транша од помошта за палестинската управа од 25 милиони евра беше исплатена во март.
Со исплатата на втората транша помош од 16 милиони евра за УНРВА, помошта на ЕК за оваа агенција на ОН од почетокот на годинава се зголеми на 66 милиони евра, од вкупно 82 милиони евра помош планирана за цела година.