Изостанаа реакциите за тоа каков лик го презема МВР до изборот на новата Влада.

Никој не собра храброст да го потсети и да го праша Назим Буши кој му го платил ноќевањето од 20.000 евра во Турција – напиша утрово пратеникот Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ на својот Фејсубк профил.

Тој прашува „Зарем е неважно што во моментов за првиот човек на МВР постојат сериозни сомнежи дека истиот Е или може да биде предмет на уцена од тие кои во негово име платиле 20.000 евра за едно ноќевање?“

– Цели 3 седмици прв човек за безбедност во државата ќе биде лице за кое постојат сериозни сомнежи за корупција. Се разбира, ликот е од ,,европскиот фронт” на ДУИ.

Запрепастува и молкот од Јавното обвинителство иако за оваа тема и јас и моите колеги јавно говоревме уште минатата година.

Да не мислат обвинителите дека ќе се заборави и ќе молчиме, или веќе се во фаза на користење на годишни одмори? – прашува претеникот од редовите на победникот на последните парламентарни и претседателски избори, ВМРО – ДПМНЕ.

Еве ја неговата објава: