Бренсон заедно со Фабијан Кусто, внук на истражувачот Жак Кусто, ќе се обидат да откријат што се наоѓа на дното на Големата сина дупка, која е широка 300 метри, а длабока околу 125 метри.
Големата сина дупка откриена е во 1971 година од страна на Жак Кусто.
Речиси половина век подоцна Големата сина дупла стана хит помеѓу нуркачите, но и понатаму е неистражена.
Се претпоставува дека Големата сина дупка некогаш била пештера, додека се уште била на копно.
Големата сина дупка ќе се истражува со помош на специјална подморница.
Истражувањето денеска ќе се емитува во живо на каналот Дискавери.