Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека начинот на кој во 2021 година бил поставен Димитар Ковачевски за лидер на СДСМ, не треба да се повтори.
„Начинот на кој што се случи поставувањето на Димитар Ковачевски во 2021 година, не треба да се повтори и сега. Против тоа ќе се борам и се борам… Практично го зема за рака и го седна“, вели Деспотовски.