Репрезентациите на Словенија и Србија ремизираа 1:1 во балканското дерби на Европското првенство. Словенија беше блиску до победа, а Србија до злато вреден бод стигна со гол во 95. минута.

Србија беше подобар противник играше и напаѓаше, но Словенија во  69. минута преку Карничник по нафрлувањето од Елшник ја затресе мрежата на немоќниот Рајковиќ на голот.

Имаше Србија шанси, заслужи да постигне гол, но Јан Облак на голот на Словенците беше несовладлив за српските напаѓачи.

Словенија имаше водство се до 95. минута кога Лука Јовиќ погоди за израмнување. Србија во последното коло ќе игра против Данска, додека Словенија ја чека натпревар со Англија, па затоа иако Србија има еден, а Словенија два бода е во подобра позиција за осминафинале.