Украина со победа од 2-1 против Словачка се рехабилитираше од тешкиот пораз против Романија во првото коло на Европското првенство.

Словачка дојде до водство со гол на Шранц во 17. минута од натпреварот.

Но, за разлика од мечот против Романија кога Украинците беа декласирани, овојпат имаа позитивна реакција во второто полувреме.

Во 54. минута Шапаренко по асистенција од Зинченко даде гол за израмнување на 1-1.Течеше 80. минута кога Шапаренко додаде топка до Јаремчук, а тој ја смести во мрежата на Словачка за комплетен пресврт и победа на Украина од 2-1.