Шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер во ретко обраќање до јавноста предупреди Русија да не ја потценува одлучноста на Велика Британија.

Во говорот на шкотскиот Универзитет Сент Ендрјус, каде тој студирал, Јангер побара од Русија и од секоја друга држава што има намера да го промени британскиот начин на живот, „да не ја потценуваат нашата одлучност и нашите средства како и средствата на нашите сојузници“.

Делови од неговото обраќање објави Министерството за надворешни работи.

Шефот на МИ6 зборуваше и за напуштањето на Британија на ЕУ и рече дека британските разузнавачки служби и понатаму ќе соработуваат со европските колеги. Тоа беше втор говор на Јангер откако презеде функција во МИ6 во 2014 година.