Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу горди на своето богато културно наследство. Топли и сакаат дружба, сакаат добра храна и кај нив сигурно ќе уживате и ќе јадете од најдоброто.

Вака професорот Јасмин Брашњиќ ја почнува приказната која стои запишана под изведбата на „Мојата Македонија“ на Ајдин Османовиќ од Босна и Херцеговина. Тој ја пее оваа песна чиј автор е македонскиот пејач и композитор Давид Темелков, кој сега живее и работи во Хрватска.

-Вредни и посветени на работата, ја сакаат природата, се гордеат и уживаат во пејсажите на својата земја, со радост ќе ве запознаат со убавините на преубавата Македонија, додава професорот.

А за музиката во Македонија, професорот Брашњиќ ќе ви рече – ,,Е тука се единствени во светот. Го засакаа нашиот Ајдин како да е дел од нив. Песната „Мојата Македонија“ ја обработивме на свој начи за сите наши пријатели, вели Брашњиќ.

А нам по овие зборови и описи на Македонија и Македонците, не ни останува ништо друго освен да уживаме во бисерното грло на Ајдин Османовиќ.

Двете видеа со македонски песни кои ги исполнува Османовиќ може да ги видите подолу. Тој неодамна во Тузла со женски хор ја пееше и познатата македонска песна „Јовано, Јованке“. Видеото може да го отворите ТУКА.