Претседателот на САД, Доналд Трамп на државниот погреб на Џорџ Буш постариот, ќе присуствува, но нема да има говор. Тоа е првпат во речиси половина век актуелен претседател да не зборува на погреб на некој од претходниците.

Последен пат тоа се случило во 1973 година кога Ричард Никосн беше „прескокнат“ на погребот на Линдон Џонсон.

Изоставувањето на Трамп од листата на говорници покажува колкави му се културните и лични разлики меѓу претседателот на функција и фамилијата Буш.

Погреб на поранешни претседатели се планира со години однапред до најситни детали. Буш кој силно веруваше во дигнитетот на претседателската функција се согласи да ја чува традицијата, и не го изостави актуелниот претседател од пописот на присутни.

Трамп е во судир со фамилијата Буш откако го победи поранешниот гувернер од Флорида, Џеб Буш, втор син на 41. претседател во натпреварот за републиканска претседателска номинација.

Тогаш Џеб го нарече слабак без енергија, а неговиот постар брат, 43. претседател го обвини за „најлошата одлука во историјата“ – инвазијата врз Ирак.

Северноамериканскиот договор за слободна трговија кој го преговараше покојниот Буш, Трамп го оквалификува како „глупав“, „катастрофален“ и секако – „најлош во историјата“.