Централната изборна комисија во Софија на својата веб страница ги објави податоците од претседателските избори одржани вчера, според кои при обработени 98,99 проценти од протоколите води двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев.

Јотова и Валчев имаат освоено 524 913 гласови или 34,7% поддршка.

На второ место се двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 483 846 гласови или 32% поддршка.

На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 190 220 гласови или 12,6% поддршка.

Полето „Не поддржувам никого“ го означиле 66.843 гласачи или 4,4% од оние што гласале.

Гласањето мина во мирна атмосфера со рекордно ниска излезност под 20 отсто. Најголема излезност е забележана во Софија од 18,36 отсто, а најмала во Крџали 6,77 отсто

Според резултати, Бугарија ќе го избере седмиот претседател на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи в недела на 1 ноември.