ОК ВМРО-ДПМНЕ, БИТОЛА

Матевски дели решенија како директор во приватната фирма на “Менде Синдикалецот”

Во целиот постизборен период директорот на РЕК Битола забрзано дели решенија на своите послушници.
Предност имаат, се разбира, припадниците на стражарската служба (читај партиското обезбедување на СДС во стечај).
Истите вработени кои ниту еднаш не детектираа кражба на железо, бакар или алуминиум, гориво и масло од РЕК Битола, а зошто веројатно тоа во следниот период ќе се утврдува.

Повикуваме тоа детално да го проверат надлежните институции, затоа што на очиглед на сите битолчани на овие вработени многукратно им се подобри материјалната положба – па низ Битола се движат со скапи автомобили, мотори итн.

Дали дел од пленот завршуваше и кај Матевски за брзо ќе утврдуваат и истражните органи, а и тој ќе мора да објасне како дошол до новите автомобили?

Дали конечно го покажа новото Ауди или сеуште го крие?

Неговиот помошник директор за комерцијални работи веќе го вози.

СДС во стечај сеуште ги ограбува имотот на државата и парите на граѓаните, очигледно не плашејќи се за последиците од криминалите.
И на крај.

Ниту еден криминал нема да помине без одговорност и соодветни санкции!

Ќе одговарате и вие господа – пред повиканите институции!

Започнува време на правда и одговорност!