Заговорникот за брегзит, Најџел Фараж денеска изјави дека ја напушта британската евроскептична партија УКИП преку која изврши притисок врз владејачката конзервативна партија да организира референдум за брегзит во 2016 година.

– Денеска го напуштам УКИП, изјави Фараж.

Како шеф на УКИП, Фараж го увери поранешниот премиер Дејвид Камерон да спроведе референдум за науштање на Обедиентото Кралство на Европската унија и потоа помогна да се води кампања за напуштање.

По референдумот Фараж ја напушти челната позиција во УКИП.

На референдумот во 2016 година, 51,9 отсто односно 17,4 милионо луѓе гласаа „за“ напуштање на ЕУ, додека 48,1 отсто односно 16,1 милиони гласаа „против“.