Фудбалската репрезентација на Франција подобро шутираше пенали и со 5-3 (0-0) ја совлада Португалија во четвртфиналето на Европското првенство.

Натпреварот во Хамбург мина во знакот на израмнетата игра, резервираноста на селекциите и претпазливоста.

Победникот на крајот го даде пенал рулетот во кој „триколорите“ беа подобри. Французите пет пати дадоа гол, а голманот на Португалците Кошта кој на Словенците им одбрани три пенали, не можеше да стори ништо.

Во полуфиналето Французите ќе играат против Шпанија која ја исфрли домашната селекција на Германија.