Новиот народен фронт, ултралевичарската коалиција освојува најмногу пратенички места, покажуваат излезните анкети по денешните избори во Франција. Ова доаѓа како изненадување затоа што предизборните анкети му даваа предност на крајно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен, но тие од лидер паднаа на третото место.
Нив успеа да ги претекна дури и Алијасната Заедно на претседателот Емануел Макрон, која на првиот круг заостануваше речиси 15 проценти зад Националниот фронт. Иако оствари подобар резултат од првиот круг, Макрон го губи мнозинството во парламентот и веднаш по затварањето на гласачките места лидерот на Левицата, Жан Лук Меланшон го повика Макрон да го признае поразот и порача дека Новиот народен фронт е подготвен да ја преземе владата.
Стратегијата на левицата и Алијансата, да ги повлечат своите кандидати за да им дадат поголема шанса на противкандидатите на крајната десница вроди со плод.
Националниот фронт не успеа да го добие мнозинството на кое се надеваше за да формира влада во Франција, но сепак значително го зголемуваат бројот на пратеници во францускиот парламент.
Предвидувањата на предизборните анкети дека никој нема да освои апсолутно мнозинство за да формира влада се остварија. Француската јавност стравуваше дека изборите ќе резултираат со неможност на ниту една партија да формира влада, распоред на силите кој ќе го направи нефункционален парламентот и ќе ја втурне земјата кон политичка и економска криза.
Наспроти ова, Би-Би-Си јавува дека резултатите се збунувачки. Излезните анкети од изборите во Франција даваат различни бројки до тој степен што не може со сигурност да се каже која партија освоила најмногу гласови, јави Би-Би-Си.
Француската телевизија му дава на Националниот сојуз помеѓу 120 и 160 седишта во парламентот, ако тоа е точно тогаш ова е изненадувачки пораз за РН, кој би бил трет.
Две други анкети, вклучително и на најголемиот француски приватен канал TF1 и од RTL/M6, покажуваат дека РН е на второто место. Друга проекција му дава на РН најголем број седишта.
Како и да е, она што е јасно е дека Франција оди кон парламент во кој ниту еден блок нема да има мнозинство. Сликата ќе стане појасна во следните неколку часа, наведува Би-Би-Си